СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Кампања за подигање на свеста за измами при купопродажба на интернет

Запознавање на луѓето и е-трговците како безбедно да купуваат и продаваат преку интернет со цел заштита во пресрет на најголемата малопродажна сезона во годината „сајбер викенд”, има за цел кампањата „#ПродавајБезбедно” за подигање на свеста за измами при купопродажба на интернет, предводена од Европол и австриската Служба за криминалистчко разузнавање.

Република Македонија е една 16-те земји учеснички во годишната кампања под покровителство на Акцијата за е-трговија за 2020 година, насловена како #SellSafe (#ПродавајБезбедно) и #BuySafePaySafe (#КупувајБезбедноПлаќајБезбедно), чија цел е подигање на свесноста за измами при купопродажба на интернет.

 

Кампањата, како што информираат од МВР, претставува заедничко јавно-приватно партнерство на органите надлежни за спроведување на законот, трговските субјекти и финансискиот сектор, за справување со организирани криминални групи кои вршат лажни купувања на интернет, притоа предизвикувајќи значителни финансиски загуби.

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и „Стопанска Банка” АД Скопје, се вклучени во оваа кампања, во која органите за спроведување на законот од Австрија, Колумбија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Малта, Македонија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Соединетите Американски Држави се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content