Како помина прославата на Илинден на Мечкин Камен

141

Со низа свечености и манифестации под слоганот „Борбата трае“ денеска се одбележуваат 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

Централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката е во Крушево. На месноста Мечкин Камен, која традиционално се посетува на овој ден, свое обраќање премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен.

Денес е светол ден за Македонија. Го празнуваме херојското дело и подвигот на илјадници кои славната 1903-та година кренале востание, кое не е само востание за слобода, туку и востание на слободарскиот дух, борба за правдини, верба во вредности и надеж да се победи по векови ропство, падови, тежок живот и бројни жртви. И имаме долг, кон историјата, но и пред себе, како луѓе да покажеме достојна почит и со сериозно достоинство и поклон да се однесуваме кон делото и херојството на овие луѓе. Борбата трае е повеќе од слоган.
Со оваа порака ние го славиме Илинден и се потсетуваме на нашата одговорност да ја продолжиме борбата за подобра и поправедна држава.
Борбата трае и ние сме тука да ја продолжиме!, порача тој.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content