СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

За среќа во љубовта вечер облечете ЦРВЕНИ ГАЌИЧКИ

Луѓето веруваат дека одредено однесување може да им донесе среќа или несреќа во следната година.Ова се некои од најчестите обичаи:

 

 

Црвени гакички за љубов

Покрај огнометот, забавата и танцувањето, се верува дека црвената долна облека ќе донесе љубов во новата година. Оваа традиција е врзана за верувањата од стариот век, кога не било дозволено носењето на црвена облека. Тогаш, таа се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештиците. Но, многу луѓе копнееле да носат ваква облека бидејќи верувале дека таа е симбол на животот и новата енергија.

Некои од другите обичаи се следните:

  • Во новата година, не треба да се влегува со долгови, бидејќи тоа ќе ве следи во текот на целата година.
  • Не смеете ништо да изнезесете од домот, ниту пак да ги истресете трошките од столот.
  • Новата година треба да се дочека со многу врева, бидејќи така се бркаат злите духови.
  • Новата година треба да ви ја честита личност од спротивниот пол прво, поради среќа во љубовта.
  • Ако сакате среќа во новата година, првиот гостин во домот треба да биде темнокоса и висока машка личност која ќе донесе подарок. 
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content