СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

„Саем за кариера“ понуди над 200 работни позиции

Дваесет и две компании кои имаат над 200 работни позиции, беа дел од петтиот „Саем за кариера" во организација на Младински културен центар- Битола, каде сите кои се во потрага по работа, без досегашно искуство или пак им е потребна дообука, можеа подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното вработување.

Оваа активност е единствена во државата поддржана од Меѓународната организација на трудот преку фондови на ЕУ.

„Близу 40 проценти од луѓето од Западен Балкан кои немале странско државјанство или биле со привремен престој во земјите на ЕУ со појавата на пандемијата се вратиле и останале дома. Најголем дел од нив се сѐ уште тука, со можност поголемиот дел од нив да останат во своите држави и тука да почнат да придонесуваат со работа , преку отворање на сопствени бизниси или вклучување како експерти во различни бизниси”, истакна Сашо Додовски директор на Младинскиот културен центар од Битола, повикувајќи се на истражувања од Европската Унија.

 

Мисијата на “Саемот за кариера” е да информира, мотивира и едуцира невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании кои нудат слободни работни места. Исто така една од целите е да ја поврзува бизнис заедницата, продолжува како и мотивирање на младите да останат во својот роден град, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.

„Во секоја голема криза, како што е оваа глобалната здравствена криза која предизвика и очекувана економска криза, може да биде и период за огромни шанси. Ова особено важи за земји, кои што побргу ќе го фатат чекорот со развиениот свет преку засилена дигитализација и уште позабрзан развој на стартап- сцената. А изминатата година и тоа како не префрли во онлајн светот. Овде денес гледам и шанса за реално поврзување на бизнис секторот со младите од Битола и знам дека ќе резултира со успеси кои како индикатори ние ги следиме, изјави Наташа Симјановска, проектен координатор на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

На настанот беа поканети и четири мотивирачи-говорници кои ги раскажаа своите лични приказни на успех, Весна Иваноска – генерална менаџерка на Сеавус едукативен и развоен центар, Пеце Цветковски-Персата, кој Вила Дихово ја претвори во туристички производ за кој зборува светот, Мартин Ангелов основач на Улаф Сте- првото знаковно кафуле и Елена Петровска која работи во Cylindo Битола, старт-ап компанија која има свои канцеларии во Копенхаген, Бостон и Скопје.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content