И годинава повеќе починати од новородени

9

Во јануари, февруари и март годинава има 4.009 живородени деца, а починати се 7.427 лица.

Од 80 општини во земјата, позитивен природен прираст на населението во првото тромесечје има само во општините Василево, Липково, Студеничани, Сарај , Чаир, Шуто Оризари, Арачиново и Долнени.

Минатата година, во Македонија починале рекордни 28.816 лица, што е зголемување од над три илјади во однос на претходната година.

Природниот прираст беше „минус“ 10.236.

Во 2020 година починале 25.775 лица.

Во годините пред пандемијата на коронавирус, во Македонија годишно умирале по околу 20 илјади лица (20.446 – 2019, 19.727 – 2018, 20.318 – 2017, 20.421 – 2016, 20.461 – 2015 објави СДК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content