Историски високи владини инвестиции за општините, 250 милиони евра за 357 понудени проекти

121

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.

– Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа- информираат од Владата.

Оттаму додаваат дека со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините.

– Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот – велат оттаму.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content