СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2021

Радио Холидеј во Регистарот на радиодифузери и интернет портали усвоен од Државната изборна комисија

Усвоени измените на податоци во Избирачкиот список и на Регистарот на радиодифузери

Државната изборна комисија денеска ја одржа 25. седница на која беше усвоен Предлог на политичките партии за промена на податоци од избирачки список и за Изменување и дополнување на Регистарот на радиодифузери, електронски медиуми и печатени медиуми.

Членовите на ДИК апелираа до радиодифузерите кои сè уште не извршиле корекции на своите ценовници, да го сторат тоа, со оглед на фактот што кампањата започнува за многу скоро.

 

Комисијата не ги усвои Упатството за начин на утврдување на идентитетот на гласачот и Предлог образецот за гласање собирање и утврдување на резултати од избирачки одбор за избор на градоначалик и членови на Совет, поради понесеното барање за нивно дополнително читање.

На денешната седница на Државната изборна комисија беше предложено, гласачите што се наоѓаат на улиците „Бутелска“ и „Призренска“ кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако во нивните лични карти е запишана Општина Бутел, да бидат префрлени во избирачкиот список во Општината на која територијално припаѓаат, но предлогот беше отфрлен со пет гласови „против“ и два „за“.

На дневен ред на седницата се најдоа и повеќе барања за изземање на членови од општински изборни комисии од повеќе причини, меѓу кои најчесто здравствени, од кои дел беа прифатени, а дел одбиени. Дополнително, беа прифатени и повеќе кандидатури за членови на општински изборни комисии, селектирани по случаен избор.

На крајот, под точка разно, беа извлечени листите на три група на избирачи кои на претходната седница биле доцна доставени, поради што Комисијата не можеле физички да ги разгледа на седница.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content