Испиено најмалку пиво во последните 50 години

24

Потрошувачката на пиво по глава на жител лани падна за пет проценти, на 135 литри, што е најниско ниво од 60-тите години на минатиот век, објави CSPS во Прага.

Падот е резултат на повеќемесечното затворање на пабовите, рестораните и угостителските објекти за да се спречи ширењето на COVID-19.

 

Во 2019 година, Чесите испија една третина пиво, претежно свежо точено, во пабови, а минатата година тој дел беше намален за една четвртина.

Вкупното производство на пиво минатата година падна за 1,5 милиони хектолитри, на 20,1 милиони. Извезени се околу 5 милиони од нив, помалку отколку во претходната година, што значи дека пандемијата го прекина осумгодишниот раст на извозот, пишува порталот „Seebiz.eu“.

Најмногу падна продажбата на точено пиво, додека продажбата на пиво во лименки се зголеми.

Здружението на пивари повика наскоро да им се дозволи работа на баровите на отворено, за да не бидат принудени трајно да ги затвораат вратите.

Чешка има долга традиција на производство на пиво. Лагер пивото е дизајнирано во 1842 година според рецептот на Пилсен во западна Бохемија, а неодамна се основани голем број помали пиварници.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content