Инфективното во Прилеп ќе се поврзе со станица за кислород

39

Општата болница „Борка Талески“ и Брзата помош во Прилеп добија 1,2 милиони денари донација од „Прилепска пиварница“.  Дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со Инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе добијат медицинска помош.

Дел од средствата ќе бидат наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од Инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, вкупно 83.

„Како општествено одговорна компанија, сметаме дека е неопходно да дадеме поддршка кон целокупниот медицински персонал што секојдневно се бори пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19. Исто така, многу е важно да покажеме високо ниво на индивидуална одговорност за да се справиме што поуспешно со кризата што нè засега сите, на локално, национално и на глобално ниво. Продолжуваме да помагаме, секогаш тука за заедницата во која работиме и создаваме“, изјави генералниот директор на „Прилепска пиварница“, Сашко Самарџиоски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content