Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури 2023“ распишаа конкурс за испрашќање песни

16

Интернационалниот музички фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ по јубилеен 30-ти пат распишува конкурс за нови композиции, што ќе го имаат премиерното издание на 1 и 2 септември, со Фолк и Интернационалната вечер, на најубавата сцена на Балканот, Долни Сарај во Охрид.

Фолк- вечер ќе се случува на 1 септември и освен новосоздадени фолк песни од нашата земја, со свои нови композиции ќе можат да учествуваат и странски автори – од регионот и пошироко.

Интернационалната вечер е закажана за 2 септември.

Соочени со константен недостиг на млади пејачи и годинава фестивалот дава голема подршка на дебитантите, охрабрувајќи ги да настапат на 30-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во Фолк и во Интернационалната вечер.

Ова е извонредна шанса за промоција на дебитантите, бидејќи „Охрид фест“ го следат повеќе од 15 телевизии од Балканот. На истата сцена, во 1998 година Тоше Проески ја испеа „Усни на усни“ и го започна својот блескав пат.

Условите за учество на „Охрид фест – Охридски трубадури 2023“ се:

– Да се испрати демо-снимка и текст на македонски јазик;
– Наслов на композицијата;
– Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Фолк, Интернационална);
– Композициите да не се изведувани;
– Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), и контакт информации;
– Демо-снимките од композициите треба да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.

На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството а рокот за поднесување на пријавите е 1 јуни 2023 година.

Своите композиции авторите треба да ги испратат на следните адреси: [email protected], [email protected] и [email protected].

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content