Интернационална Конференција „Дигитално Граѓанско Општество“ во Охрид

23

На конференцијата свое излагање ќе имаат експерти од 5 земји: Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Македонија.

Седумнаесет говорници меѓу кои универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи, и претставници од непрофитни организации, ќе зборуваат на теми како дигитализација, виртуелна реалност, креативноста во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации како апликации и софтверски решенија, електронски продавници. Сето ова ќе го носи предзнакот дигитална трансформација на непрофитниот сектор со цел постигнување поквалитетен социјален импакт, информираат организаторите.

Овој настан се организира во рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од Europe for Citizens програмата, а спроведуван од Порака Нова во соработка со Општина Охрид.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content