СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

На патот кон Попова Шапка најдено возилото од кое било пукано вчера во Тетово

Тетовската полиција информира дека ноќеска е најдено возилото од кое е пукано кон куќа на улицата „Илинденска“ во Тетово околу 22 часот и 45 минути.

Возилото 15 минути претходно било украдено од сопствениците кои добиле закани со оружје.

Пукањето во СВР Тетово го пријави тетовецот М.Т. од Тетово, кој изјавил дека тоа било направено од возило „фолксваген поло“.

– Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото „поло“ било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во денешното соопштение на СВР Тетово.

При вчерашното пукање нема повредени лица, а биле направени оштетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content