На денешен ден изгреа 16-зрачното сонце на државното знаме на самостојна Македонија

55

Тоа беше замена за дотогашното знаме со идеолошки симбол од времето на СФРЈ, односно Социјалистичка Република Македонија, кое исто така беше со црвена основа и со ѕвезда петокрака.

Новото знаме со 16-кракото македонско сонце се користеше до 5 октомври 1995 година, кога беше сменето со сегашново – црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци…

Смената на знамето беше извршена под притисок на Грција и со поддршка од тн. меѓународна заедница, со образложение дека ќе биде прекината блокадата од страна на Грција што беше воведена кон Република Македонија.

Почнаа со смена на знамето, на Уставот и, како што е познато, пред три години со промена и на името на Република Македонија. Симболот што беше на државното знаме на Република Македонија, кој беше користен и на многу други места, по потпишувањето на Договорот од Преспа, сегашнава, се уште актуелна власт, почна да го отстранува и со брусилици да го гребе од јавните површини.

Но, на народот тешко е да му се забрани нешто што сака, па така е постигнат контраефект – знамето со Сонцето од Кутлеш денес се вее низ многу населби низ Македонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content