Извештај на ДЗР за ПИОМ: Ќе останат ли пензионерите без пензии?

40

Лошо менаџирање со Фондот за пензиско, кој ќе остави без пари многу пензионери открива извештајот на Државниот завод за ревизија. Поради нецелосни податоци и грешки при нивно внесување, пари кои му се уплаќани, ПИОМ не може да ги користи, па идните пензионери нема да може да добијат целосни пензии.

Од друга страна, поради ненавремена достава на податоци, има неоснована исплата на пензии, а само мал дел од овие пари се вратени назад во буџетот на ПИОМ. Во истовреме, од сметката на Фондот извршители наплаѓале долгови од починати пензионери или пензионери на кои не смее присилно да им се наплаќа. Како причина за лошото работење се наведува недостиг на стручен кадар во Фондот.

„Од Фондот во 2021 година месечно се регистрирани од 2500 до 3000 трансакции од пензии на должници кон сметки на извршителите, а на годишно ниво оваа бројка достигнува околу 30.000 трансакции. Притоа бројката на вработени лица во Фондот кои се ангажирани на ова прашање во зависност од обемот на работа достигнува и 8-9 лица, а за вршењето на оваа услуга Фондот не добива никаков надоместок од страна на извршителите.“

Ревизорите констатирале дефицит за исплата на пензии и други надоместоци и покрај тоа што приходите во 2021 се зголемиле. Тоа е се должи на неповолната демографрска структура на населението, но и растот на инфлацијата. Во исто време, пензионерите го кренаа гласот против лидерите на своите здруженија. Велат дека таму се закотвени со децении и ги обвинуваат дека незаконски ги трошат нивните пари, кои на годишно ниво се повеќе од 10 милиони евра.

Пензионерите бараат да се ограничи мандатот на претседателите на четири години, но и да се организираат демократски избори и во здруженијата и во Сојузот на пензионери. Тие побараа од Владата со зо закон да ја намали големата разлика помеѓу најниските и највисоките пензии која во моментов е 6:1.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content