СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Цвеќарка во Прилеп за Свети Валентин останала без цвеќе и без 14. 500 денари

Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена за аранжмани со цвеќе и за 14 500 денари.

Имено, како што соопштуваат од СВР Битола,  на сопственичката на прилепската цвеќарница некое лице, телефонски ѝ порачало неколку цветни аранжмани, кои, наводно, ќе бидат платени откако ќе бидат однесени со такси возило на одредена локација во Битола.

Како што пријавила 52 годишната прилепчанка, лицето дополнително побарало од неа на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена.

Полицијата презела мерки да се расчисти случајот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content