Зошто МТВ не се емитува во Бугарија, а БНТ се емитува во Македонија

34

Иако беше договорено уште пред повеќе од една година, сепак МТВ не се емитува во Бугарија. Бугарија не го почитува договорот за реципрочно пренесување на сигналите на Јавните медиумски сервиси.

Додека пак за разлика од неа Бугарската национална телевизија се емитува преку македонските телевизиски оператори.

Министерството за надворешни работи зошто програмата на македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија, како што се емитува Бугарската национална телевизија (БНТ) кај нас.

– Веднаш ќе ги контактираме Министерството за надворешни работи и нормално македонската телевизија, која што треба да зрачи и штом ќе достават официјален одговор, како и одговор од бугарските официјални институции тогаш ќе го споделиме со вас, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дека според Договорот за пријателство со Бугарија националните телевизиски канали треба да емитуваат програма како во Северна Македонија, така и во Бугарија.

Тоа засега не е случај, бидејќи нашата национална телевизија не се емитува во Бугарија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content