Земјотрес од 3,4 степени почувствуван во Битола и Прилеп

30

Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3.4 степени по Рихтерова скала. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа информираат дека земјотресот потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

Според Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала се случи во 15.40 часот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content