Земјоделците од струмичко го губат интересот за производство на храна

21

Ако мислите дека струмичани јадат поевтин зеленчук од останатите градови во земјава, се лажете. Затоа доволно е да го посетите пазарот на големо во овој град. Празен е. Причината е што нема производители во толкав број како порано, а тие што останале, продаваат на откупни центри. Во вакви услови, зеленчукот што тука се произведува е со подеднакво високи цени како и во другите места во државата.

Но, и трговците не минуваат подобро.

Оние што останале на пазарот на големо се жалат дека нема домашно производство, а увозното е прескапо. Голем број од трговските објекти тука почнуваат и да затвораат.

Од земјоделските здруженија велат дека сликата е поразителна и по нивите. Цели працели се запустени. Нема производители, па нема ниту обработени ниви.

Изгор цените на свежата храна во маркетите и на пазарите тешко се објаснува. Земјоделските експерти велат дека за тоа има повеќе причини: намалено земјоделско производство, климатски промени, зголемени производствени трошоци, но и влијание од воено-политичките случувања во Европа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content