Здравствените работници ќе добијат бонус од пет проценти овој месец

55

Потенцира дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде дел од анкесот на Колективниот договор или со оглед на тоа што сумата од пет проценти доаѓа како поддрршка преку кредитот од Светска банка не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус- додаток.

Во таа смисла ќе биде и нешто поголема сума заради тоа што ќе биде само дополнување. Средства се обезбедени и овој месец ќе ги добијат петте проценти, изјави Филипче.

 

Како што истакна министерот за здравство, се планирало ако не се стигне во мај, здравствените работници да добијат дупла сума за изминатите два месеца, а потоа да се продолжи со по пет проценти. (МИА).

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content