За „штедачите“ поефтинување, за „трошаџиите“ поскапување на струјата – фактури со зголемено ДДВ од 10 на 18 %

11

„Регулаторната комисија за енергетика ги објави прифатените трошоци според кои се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на вчерашната подготвителна седница. Тие треба официјално да се објават во текот на оваа недела, но веќе е прикажано дека цената, која ќе ја наплаќа универзалниот снабдувач, ќе поевтини само за првите два тарифни блока, кои имаат лимит до потрошени 210, односно до 630 киловатчасови, но ќе поскапи за останатите два блока.“ – објави информативниот портал „Фактор“ во својата анализа со наслов „Цената на електрична енергија се намалува за оние, што помалку трошат, а поскапува за оние, што не штедат“.

„Фактор“ пишува: Цената во првиот блок од 4,7257 денари се намалува на 4,2609 денари, а во вториот од 5,1578 се снижува на 4,8936 денари. Третиот блок од 6,0563, поскапува на 6,3345 денари, додека цената на четвртиот блок се зголемува од 16,1336 на 16,6453 денари.

Според Регулаторната комисија за енергетика, ова ја прави просечната цена на ЕВН Хоме од 1 јули да изнесува 4,3268 денари по киловатчас, што е нешто поевтино од засметаниот просек од 4,4046 денари одреден пред половина година. Ќе има и мало зголемување на цената за малите потрошувачи, односно за фирмите.

Цената на мрежарината за Електродистрибуција малку се зголемува, но значително ќе се намали трошокот за пренос на електрична енергија. Останува да се види како ќе се вкалкулираат сите овие одобрувања во конечната цена во сметките.

Нема да има враќање на евтината попладневна тарифа, иако претходно се најавуваше тоа. Ќе има зголемување на ДДВ-то на самите фактури од 10 на 18 отсто. „Во декември кога донесувавме одлуки, намаливме цена за домаќинствата, намаливме цени за мали потрошувачи. Тука зборувам без ДДВ. Ќе има одредено намалување, но не можеме да влијаеме врз промената на ДДВ-то“ – кажа Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, вчера во „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content