За Цветници да ги посетиме црковните храмови во Прилеп и да дониpaме за сиpoмашните семејства во нашиот град

30

Хуманитарната организација “Св. Никодим – Прилепски” на 09 Април 2023 година – Цветници, ве поканува да ги посетите прилепските црковни храмови Св. Благовештение, Св. Преображение, Св. Кирил и Методиј и Св. Петка – Точила.

-Со вашето присуство, а на наша голема радост ќе ја збогатите нашата акција за помош на сиромашните сограѓани во нашиот град. Акцијата се состои во донирање на паричен и материјален прилог според вашите можности на посебно означени кутии во храмовите. Нека Господ го благослови вашето добро дело! Христос помеѓу нас – стои во соопштението.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content