За органско производство исплатени 90 милиони денари субвенции

36

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, односно оние кои аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.

Согласно програмата за рурален развој, средства ќе бидат исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат градинарски култури, постоечки лозови и овошни насади, овци, кози, говеда и пчелни семејства.

 

Средствата за финансиска поддршка на органското производство се исплатени на сите земјоделски производители кои поднеле барање за користење на финансиската поддршка и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content