Економија
За исплата на К-15 од најмалку 11.300 денари останаа уште два месеца
Работодавците имаат уште три недели, односно до крајот на декември на вработените да им го исплатат регресот за годишен одмор.

Регресот за годишен одмор е законски задолжителен и работодавачите може да исплатат помал износ само во договор со работничките организации доколку фирмата годината ја заврши со загуба.
Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ке се движи од 9.610 – 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
Напомена
Казните за фирмите кои нема да исплатат К-15 се големи и достигнуваат до 4.000 евра, а контроли може да се вршат преку Државниот инспекторат за труд.