СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

(Видео) Мицкоски: Ништо не е готово, заедно ќе победиме, долу предавниците

Ако беше толку добра работата за Македонија, немаше да ги чува полиција како во Бејрут. Тие мислат дека го завршија предавството, но треба да знаат дека заедно со народот ќе победиме во оваа борба. Ова им е само алиби, а ние ќе го врвиме најдолгиот пат. Но верувајте дека ќе победиме, изјави на денешната прес-конференција, Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски се заблагодари на народот кој масовно и во огромен број излезе на улиците и со денови беше тврдината на непокорот кој покажа не само дека Македонија е жива, туку демонстрираше невидена енергија и волја за борба за својата иднина и за нашата татковина, и како што истакна таму имаше Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци, Роми и сите останати. Многумина приоѓаа и многумина даваа поддршка.

Ова не беше битка ниту моја, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ, заслугата е на народот, илјадници мажи, жени и деца кои излегоа на улиците и кажаа што мислат за предлогот кој Владата решила да го турка, но и за се она што се случува овој период во Македонија, додаде Мицкоски.

“Договорот таков каков што владата го усвоила и се согласила преставува срам за целата држава, а самиот чин на прифаќање преставува предавство на националните и државни интереси. Ова е комплетирање на вториот дел од предавството започнато на Заев уште јули – август 2017-тата година. Предавството сега кое содржи план за бугаризација и асимилација на Македонија и македонскиот народ ќе биде немирната совест со која мора да живее секој пратеник и секој член на Владата кој го поддржа овој срамен документ. И знам дека сега не се свесни но ќе помине ова, ќе помине и пратеничкиот имунитет, ќе поминат и овие полициски кордони кои што неволно ги обезбедуваат, ќе заврши се ова и за неколку години повторно ќе треба да го погледаат народот во очи на улица”, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека оваа информација се усвојува во Собранието, а Владата ја прифаќа преговарачката рамка без да биде објавен Протоколот каде според бугарските медиуми изрично се содржат барањата за бугаризација. Сега бугарските асимилаторски барања за промена на учебниците, за откажување од националните херои, за преиначување на историјата стануваат услов за влез во Европската Унија, и додека тие не се исполнат нема почеток на преговори, ниту напредок кон патот на Унијата.

Тој потенцираше дека ништо не е готово, а народот не треба да очајува. Борбата продолжува. И ќе победиме, се додека сме заедно, цврсти како карпа, обединети. Обединети не заборавајте и силно фокусирани за нивниот пад, за што мора избори да има.

Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата. Но затоа обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание. Повторувам нема да помине во македонското Собрание промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во него. За тоа гаранција е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, чии пратеници седат позади мене и сме заедно во оваа битка.

Народот може да биде спокоен, ова не е 2019-тата година. На иницијатива на пратениците како гаранција со која се обврзуваме пред граѓаните за ова наше ветување, со цел блокада на предавството на оваа Влада се изјавите на пратениците заверени на нотар, дека со мирна совест и здрава свест нема да прифатат промена на Уставот, а за тоа гарантираат со својата чест, совест и оставка која веднаш стапува на сила доколку тоа се случи. Јас верувам дека ниту еден пратеник нема да го одобри ова предавство и за тоа го имате и мојот збор дека тоа нема да се случи тоа. Ова се тие изјави, заверени на нотар.

Нема отстапување ниту милиметар од ова. Нема чекор назад, затоа што позади нас е се што имаме, нашите семејства, нашето достоинство, нашето име, и нашата Македонија, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content