СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Бремените жени нема да одат на работа додека трае пандемијата на ковид-19

Бремените жени нема да одат на работа и после Нова година односно ослободени се од работни обврски со физичко присуство додека трае пандемијата на ковид-19. Од Владата објаснуваат дека бремените жени ќе треба да се вратат на работа откако Светската здравствена организација ќе прогласи завршување на пандемијата.

„Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест ковид-19 на 4 ноември 2020 година“, велат од Владата.

По зголемените бројки на заразени со коронавирус, Владата на 20 октомври донесе одлука целата државна и јавна администрација, општините и судовите да работат во смесни или редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content