Започна вакцинацијата на повозрасните граѓани во Прилеп

22

Се вакцинираат повозрасните граѓани кои се пријавиле преку матичните лекари. Тие велат дека се одлучиле да се вакцинираат за да го заштитат сопственото здравје.

Кети Смилеска, в.д директор на болницата, во чиј состав е Здравствениот дом, каде сe врши вакцинацијата, изјави дека денеска планирано е да се вакцинираат 90-мина прилепчани.

 

Сите кои беа евидентирани преку Мој термин се пријавиле на пунктот за вакцинација. Од утре ќе вакцинираме на два пункта сѐ додека не се искористат сите 900 вакцини кои ги добивме. Граѓаните гледаат надеж дека нема да се заразат. Сите вакцинирани од утрово се добро – изјави Смилеска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content