Започна асфалтирањето на превојот Плетвар

82

Градежништвото не смее да застане и затоа оваа Влада, овој тим од ресорот транспорт силно сме посветени на она што сме го зацртале во нашите програми, а тоа е подобрување на целокупната инфраструктура во државата, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат Градско – Прилеп.

Овој дел од регионалниот пат кон Прилеп, превојот Плетвар, се рехабилитира во должина од 19 километри за што се инвестираат 4 милиони евра.

„Ниту еден проект не е прекинат, напротив се работи со силно темпо, само во овој момент инвестираме преку 420 милиони евра во модернизација на патната мрежа во земјава. Денеска сме на увид во асфалтирање на превојот Плетвар, инвестиција од 4 милиони евра. Реконструкцијата на превојот Плетвар следи кога активно го градиме експресниот пат од Градско кон Прилеп. Во меѓувреме активно работиме и на подготовка на документацијата и за проширување на патот со по уште една лента на Плетвар онаму каде не постои трета лента. Генерално интензивно се работи на моденизација на целата патна врска”, изјави Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта истакнa дека овој пат се очекува да се заврши до почетокот на зимската сезона.

„Граѓаните кои гравитираат кон Прилеп и Битола, многу добро знаат дека овие 20-тина километри се најтешките за возење посебно во зимскиот период. За да им ја олесниме рутата и да го забрзаме протокот на возила отпочнавме со рехабилитација на делницата Фариш – Прилеп во должина од 19 километри за што издвоивме средства со помош на ЕБОР во висина од 4.07 милиони евра. Изведувачот на работите Стентон Градба и Грин Лајн со надзорот Диви веќе работат на механичко сечење на асфалтот, поставување на нови рабници, машинско гребење на постоечкиот асфалт, по што започна и процесот на афалтирање. Очекуваме почетокот на зимата граѓаните од овој регион да возат по нова рехабилитирана делница што ќе значи и нивна поголема сигурност и безбедност”, изјави директорот Ејуп Рустеми.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content