Запленети 43 кг злато, вредно 2,3 милиони евра

40

Околу 43 килограми златен накит вреден околу 2,3 милиони евра се откриени и запленети на меѓународниот аеродром во Скопје. Накитот е пронајден кај лице со српска патна исправа, кое во Скопје допатувало од Истанбул. Кутиров рече дека е известен дежурниот јавен обвинител и дека во моментов се водат истраги. Таа не кажа многу детали која била дестинацијата на робата.

Директорката на Царина нагласи дека заедно со овој случај бројот на случаи за спречување нелегална трговија од почетокот на оваа година достигнува 18. Кутиров рече дека во 2022 година се евидентирани 114 случаи на спречување нелегална трговија, што е двојно повеќе од регистрираните случаи во 2021 година, каде имало само 58 случаи.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content