СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

ЕК ја потврди можноста Албанија без Македонија да почне пристапен процес кон ЕУ

Портпаролката на Европската Комисија Ана Писонеро ги расчисти дилемите за изјавите на еврокомесарот Оливер Вархеји и можното раздвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговори со ЕУ.

Писонеро потврди дека ставовите на Вархеји се и ставови на Комисијата, која не би се противела доколку земјите членки одлучат само Албанија да ги започне преговорите иако како што вели, и Македонија е подготвена да ги започне преговорите.

Комесарот Вархеји ја пренесе оваа позиција доста јасно, и секако имајќи предвид дека земјите-членки мораат да се согласат за преговарачката рамка. Точно е дека тој посочи дека доколку нема договор во случајот со Македонија, ова би можело да биде нешто што би требало да биде разгледано, но секако ова е во рацете на Советот.-Ана Писонеро – Портпарол на ЕК.

 

Вархеји откако пред неколку дена во Скопје кажа дека процесите за членство на Македонија и Албанија би можеле да бидат раздвоени, истиот став го повтори и пред седиштето на ЕУ во Брисел.

Ако повторно наидеме на тешкотии со Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Македонија за заемно согласно решение, тогаш прашањето ќе излезе дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање. / Значи раздвојувањето е можно? Дали е тоа опција? / Можно е да биде опција, да.- Оливер Вархеји – Еврокомесар за проширување.

Изјавите на Еврокомесарот за можно раздвојување на Македонија и Албанија во процесот на преговори покренаа бурни реакции кај дел од земјите-членки на Унијата. Германскиот министер за Европа Михаил Рот кој на Твитер го сподели интервјуто на Вархеји, напиша дека Берлин стои зад отворање на преговори со Македонија и Албанија, а секое одложување го нарушува кредибилитетот на Унијата. На ставот на Рот се надоврза и шефот на Словачката дипломатија Иван Корчок кој порача дека кредибилната политика на ЕУ, е во напуштање на ветото кон Македонија. За изјавата на Вархеји реагираа и од Советот на Амбасадори во земјава од каде преку соопштение изразија загриженост и вчудоневиденост во врска со неговата најава. Од таму велат дека оваа проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваат дека постојат сериозни причини Унијата да го промени ставот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content