Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

47

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка и ги информирал дека наредната седница ќе биде на 27 октомври.

На седницата на 27, доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да биде и избор на Уставен судија.

 

До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба.

Во однос на објавените информации во јавноста за набавка на 100 компјутери за пратениците, претседателот на Собранието потенцираше дека станува збор за компјутери набавени за службата на Парламентот, а не за пратениците и дека тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници. Компјутерите се набавени во рамки на проект на Швајцарската амбасада и НДИ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content