„Заедничка историја-заедничка глупост” – изложба на македонски и бугарски карикатури во Скопје

24

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изложбата е посветена на односите меѓу Бугарија и Македонија. Организаторите сметаат дека исмејувајќи се над нашите стравувања преку карикатурите на авторите од двете земји, полесно ќе ги надминеме истите.

Од македонска страна учесници во изложбата се карикатуристите Мирослав Георгиевски-Миро, Златко Крстев и уште тројца карикатуристи.

Учесници од бугарска страна се карикатуристите Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви. Тие работат во хумористичното издание „Прас прес”, кое е многу популарно во Бугарија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content