Заглавени неколку тешки товарни возила на Плетвар

51

Се забележува и присуство на полицијата на овој превој, на кој имаше забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради обилните вржени од снег.

Ситуацијата на планиските премини е тешка во моментов. Иако од утрово на неколку од нив (Ѓавато, Крива Паланка – Деве Баир) беа укинати забраните, сепак, сообраќајот и натаму се одвива отежнато низ цела земја.

 

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица.

Во целосен прекин е патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила.

Авто мото сојузот на македонија утринава информира дека забрана за камиони има на патот прилеп-кавадарци преку планинскиот премин плетвар, а на патот Тетово-Попова Шапка забраната е за камиони и за автобуси.

Забрани има и на патните правци битола – ресен преку планинскиот премин Ѓавато, Крива Паланка-Граничен Премин Деве Баир, како и крак Маврово-Дебар каде е забрането движење за тешки товарни возила со приколка. Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content