СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Двата изборни дена се неработни

Земајќи го предвид Решението за распишување на избор за претседател („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како и Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14-та владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани.

Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на државата да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран, се вели во соопштението од МТСП.

Освен овие два дена, почнувајќи од утре следуваат вкупно шест неработни дена за граѓаните во следните два месеци.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 01 мај (среда), Ден на трудот
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content