Ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија во ракомет ќе се одржи в четврток

200

Ракометната федеерација на Македонија (РФМ) објави дека в четврток напладне ќе ја изврши ждрепката за полуфиналето на Купот на Македонија и во машка и во женска конкуренција. По мартовските четвртфинални групи познати се четирите екипи кои ќе се борат за трофејот.

Вардар 1961, кој го брани трофејот, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Тиквеш се полуфиналисти во машка, додека ЖРК Куманово, како и Ѓорче Петров, ЖРК Вардар и ЖРК Чаир ќе се борат за трофејот кај дамите.

Ждрепката е слободна и нема никакви ограничувања, така да може во полуфинале да видиме дуел на фаворитите, иако Куп натпреварите се такви што никој не може да биде сигурен фаворит. Завршните турнири во двете конкуренции ќе се играат од 17 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content