ЕУ експресно демантираше дека македонскиот јазикот е загарантиран

47

Ни 24 часа не траеја аплаузите на предавниците од СДСМ и нивната коалиција во Собранието за некаква си заштита на македонскиот јазик. ЕУ експресно ги демантираше лагите на предавниците Ковачевски, Османи и Маричиќ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека вчера од портпаролката на Европската комисија јасно и недвосмислено слушна македонската јавност, дека македонскиот јазик не е заштитен и загарантиран.

Откако таа беше запрашана во врска со македонскиот јазик, портпаролката на ЕУ истакна дека во Македонија се зборува „јазикот користен од луѓето во Македонија“.

Никаде не беше користено македонски јазик, туку јазикот кои го користат граѓаните на Македонија.

За сите предавства кои ги прават Ковачевски и власта ќе има одговорност и ќе одговараат за велепредавство, се вели во соопштението.

Заменичката-портпаролка на Европската комисија, Дана Спинант денеска како одговор на прашање за вчерашните зборови на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лаен изјави дека нејзините вчерашни зборови во македонското Собрание значат дека таа зборува за „јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик“.

„За импликациите кои ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како на пример Договорот за Фронтекс јас ќе прашам. Проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве известам“, изјави Спинант.

На ново прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант додава дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лаен.

„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа“, рече таа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content