СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Едукациски семинар за тренери и судии

Измените на правилата кои ќе важат во олимпискиот циклус 2022 – 2024 година ќе бидат главна тема на едукацискиот семинар за тренери и судии кој во недела, 10 април 2022 ќе се одржи во Прилеп.

Томе Јосифоски, IJF континентален судија  актуелен претседател на судиската комисија при ЏФСМ и М-р Дејан Мицкоски, лиценциран тренер и член на стручниот совет при ЏФСМ,  во улогата на предавачи ќе ги споделат со своите колеги тренери и судии сите промени кои беа претставени на семинарот за судии и тренери одржан во Лисабон, Португалија.
Покрај за едукација, семинарот ќе се искористи и за обновување на лиценци за џудо судии за тековната 2022 година за сите судии кои не беа во можност да присуствуваат на семинарот во одржан во Прилеп на 13.02.2022.
Семинарот ќе се одржи во просториите на училишниот дом „Орде Чопела“ на ул Самоилова 41, со техничка организација на Џудо клуб Сеишин од Прилеп.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content