Едноставни начини како да го разладите лаптопот

32

Последиците од тоа можат да бидат влошување на неговото функционирање и скратување на неговиот животен век. Но, ако знаете соодветно да го оладите лаптопот, големи се шансите подолго да трае.

Овие едноставни начини можат да помогнат за тоа:

Чувајте го лаптопот на рамна и тврда површина

Помалку се загрева ако стои на маса или биро, отколку на тепих, на кревет или во скут. Тоа е така затоа што неговите вентилациски отвори не се блокирани кога стои на рамна и тврда површина. Не оставајте го на меки површини затоа што на така се блокира одводот за воздух, па се отежнува ладењето.

Бришете ја прашината

Прашината исто така може делумно или целосно да ги затвори вентилациските отвори на лаптопот, поради што е важно редовно да ја отстранувате од површината. Не користете мокра крпа за бришење, некои компоненти од лаптопот можат да бидат уништени од влагата.

Најдобро е да се употреби сува крпа, без никакви течности.

Вклучете клима или вентилатор

Ако во просторијата во која користите лапотоп е топло неизбежно е и тој да биде загреан повеќе од вообичаено. Со вклучување на клима или вентилатор во близина на лаптоп ќе се намали и неговата температура.

Не ја празнете батеријата до крај

Батериите не се вечни, по неколку години нивниот капацитет ослабнува. Најдобро е батеријата да ја испразните до 40% а да ја полните до 80%.

Исклучете го ако повеќе не го користите

И на него му е потребен одмор, колку подолго го оставите вклучен толку повеќе ќе се загрева и ќе работи побавно. Дури и ако го оставите затворен да преноќи без гаснење, големи се шансите утредента да биде бавен, но и побрзо да се загрее.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content