СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Еднократна парична помош на секое семејство за новородено дете

Советот на Општина Прилеп на вчерашната седница донесе одлука за реализација на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“, со која се предвидени средства во висина од 6000 денари на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп.

За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари.

Средства за секое новородено дете ќе се добиваат преку поднесување на Барање од страна на родителите кое што заедно со копија од лични карти на родителите и нивна копија од жиро сметка ќе треба да се достават во Локалната самопуправа на Општина Прилеп.

Барањето кое што треба да се потполни може да го преземите на следниот линк,  или на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk/ во полето Е-УСЛУГИ, или истото да се потполни при самото поднесување на документите во локалната самоуправа.

Програмата за доделување на еднократна парична помош за секое семејство за новородено дете, беше едно од ветувањата на градоначалникот Борче Јовчески .

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content