СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Еве кога ќе започне наредната учебна година

И во наредната учебна година министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека ќе се оди со безбеден пристап, а кој и каков ќе биде не зависи само од МОН, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство.

Одговорајќи на новинарско прашње потенцира дека е сигурна оти ќе најдат сигурно решение.

Оддлуката за новата учебна година ќе зависи од епидемиолошката состојба, се останато е шпекулација и е спротивно на интересите на граѓаните и учениците. Сите се пред време информирани, пред време обучувани, пред време поставени сите елементи. И оваа година ќе знаат на време кога и како ќе се почне учебната година. тоа не зависи само од Министерството за образование и наука, туку и од епидемиолошката слика, од ставот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и јас сум сигурна ќе најдеме најдобро можно решение затоа што гледате дека оваа година бевме една од ретките земји која што немашев воопшто застанување на образовниот процес надвор од календар. Како ветивме дека ќе почнеме, така и ја завршуваме учебната година. Од една страна образованието без прекин се спроведуваше, а од друга страна се заштити јавното здравје на учениците и настваниците, рече таа.

 

И наредната година, истакна Царовска, ќе одиме со безбеден пристап, кој и каков ќе биде, кога ќе одлучиме јавноста ќе биде информирана.  Да ја завршиме соодветно оваа учебна година, да ја спроведеме матурата и понатаму да донесеме одлука на кој начин ќе почнеме од 1 септември, рече таа.

Царовска информира дека Министерството за здравство, наставниците од прво до трето одделение ги има ставено во приоритетната листа за вакцинирање.

Сега следува следна фаза. Ние етапно ги ипраќаме списоците на наставниците, посочи министерката Царовска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content