Евростат: Во Македонија 72 отсто од граѓаните се информираат од онлајн медиуми

47

Притоа, најголеми корисници на онлајн медиумите во Европа имало во Финска – 93 отсто, по што следат Литванија и Чешка со по 92 отсто од граѓаните на овие земји. Наспроти ова, најмал процент од граѓаните се информираат онлајн во Романија – 59 отсто, Германија – 62 отсто и Франција – 63 отсто.

Меѓу земјите – кандидати за членство во ЕУ од регионот, најмалку корисници на интернетот за читање вести по порталите и електронските верзии на весниците има во Албанија – 58 отсто, додека Црна Гора предничи со 80 отсто од граѓаните кои читаат вести онлајн.

Од родова перспектива, податоците на Евростат покажуваат дека 74 отсто од мажите во ЕУ го користат интернетот за читање вести онлајн, наспроти 71 отсто од жените.

Од аспект на возрасни групи, во земјите-членки на ЕУ читањето онлајн на портали и весници е најпопуларно кај возрасната група меѓу 25 и 54 години (75 отсто). Лицата со високо образование (85 отсто) воглавно го користеле повеќе интернетот за информирање онлајн од лицата кои не достигнале такво ниво на образование (57 отсто).

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content