Еврозоната зимава влегува во рецесија

34

Новата прогноза на ЕК предвидува пад на економското производство во последните три месеци од оваа година и првите месеци од 2023 година, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.

Се вели дека високите цени на енергијата, зголемените трошоци за живот, повисоките каматни стапки и целокупната несигурност се очекува „да ги втурнат ЕУ, еврозоната и повеќето земји-членки во рецесија во последниот квартал од годината“.

Прогнозата за раст за целата 2023 година е намалена на 0,3 отсто, од 1,4 отсто што се очекуваше во претходната прогноза од јули.

-Растот се очекува да се врати во Европа на пролет, бидејќи инфлацијата постепено ја олабавува контролата врз економијата, се вели во извештајот.

Најлош резултати следната година најверојатно ќе има Германија, најголемата европска економија и една од најзависните од рускиот природен гас пред војната во Украина.

Цените на гасот и електричната енергија пораснаа бидејќи Русија го намали снабдувањето за Европа на дел од она што беше пред инвазијата на Украина.

Се очекува Германија да доживее пад на производството од 0,6 отсто во текот на следната година.

Инфлацијата ќе достигне врв подоцна од очекуваното, кон крајот на оваа година, и ќе ја подигне просечната стапка на 8,5 отсто во 2022 година и 6,1 отсто во 2023 година во еврозоната.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content