СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Дури 1.321 се заразени од ковид-19 во еден ден

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.836 тестирања, а регистрирани се 1.321 нови случаи на ковид-19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80), двајца од Штип (64 и 50 ), еден од Прилеп (66), еден од Тетово (71), двајца пациенти од Струга (66 и 59), еден од Велес (68г), двајца од Битола (55 и 57), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (73), еден од Струмица (62), еден пациент од Крива Паланка (57), двајца од Радовиш (82 и 72) и еден пациент од Делчево (71). Сите пациенти се починати во болнички услови.

 

Во Скопје има 583 новозаразени, Куманово 100,  Дебар 12, Штип 40, Прилеп 57, Тетово 80, Струга 13, Велес 64, Битола 50, Охрид 31, Кавадарци 23, Гостивар 46, Гевгелија 22, Струмица 15, Крива Паланка 9, Радовиш 5, Крушево 8, Кочани 29, Пробиштип 6, Демир Хисар 10, Македонски Брод 2, Пехчево 5, Берово 3,  Валандово 4, Виница 13, Делчево 6, Кратово 4, Свети Николе 12, Кичево 35, Ресен 10, Неготино 24.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 433 оздравени пациенти од: Скопје-207, Куманово-20, Штип-13, Прилеп-32, Тетово-42, Велес-11, Битола-19, Кавадарци-6, Гостивар-7, Гевгелија-13, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-11, Пробиштип-4, Берово-5, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-10, Ресен-1, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 42.540, бројката на оздравени пациенти е 25.353 на починати е 1.212, а бројот на активни случаи изнесува 15.975.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content