Дуи не го славеше 8. Септември, СДСМ сами на настанот

49

На владината централната свечена прослава, која под мотото: „Обединети во слободата“ на 8 Септември се одржа на платото кај паркот „Ибни Пајко“ не присуствуваа министрите од ДУИ и Алтернатива.

На фотографиите објавени од страна на владата и премиерот не може да се види ниту еден вицепремиерот Артан Груби ниту некој друг министер од ДУИ или Алтернатива.

Освен ако функционерите на ДУИ и Алтернатива не се во позадина и не се гледаат, на централната владина манифестација присуствувале само функционери од СДСМ и од НСДП.

Покрај премиерот Ковачевски, вицепремиерот Битиќи, министерката Петровска, министерот Николовски на сликите е и заменик претседателот на Собранието Горан Мисовски инаку лидер на НСДП и директорката на Централниот регистар од истата партија но не може да се види ниту еден функционер на ДУИ.

Од другите познати личности на сликата се гледа само претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content