Државна помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети, со новите мерки

44

Средствата ќе се користат за повеќе мерки, како што е надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 проценти, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања.

Една од мерките е надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30 проценти, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.

 

Корисници на оваа програма во категоријата на лица со ниски примања се: лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари, лицата со ниски примања кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000 денари и ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.

Предвидени се пари и за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000 денари, како и до 70 проценти, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;

Ќе се надоместуаваат и дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50 проценти, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари, како и до 70 проценти но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content