До АХВ поднесени 12 претставки за сомнеж за труење со храна

24

До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Како што информира за МИА директорот на АХВ Николче Бабовски, пет од претставките се во постапување, а од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани.

Според Бабовски, три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство.

Како што информира директорот, во тек е истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште, како и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста.

Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка – глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, вели Бабовски во разговор за МИА.

Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е веќе затворена и запечатена со лента, а издадено е и решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата.

Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, истакнува Бабовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content