Дојави за бомби во 15 училишта во Скопје

37

Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје. Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

– Денеска (14.12.2022) околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content