СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Лани сме добиле 6,5 милиони евра казна од ЕБОР за неградење на пругата кон Бугарија

Минатата година на Европската банка за обнова и развој сме му платиле 6,5 милиони евра казна во камати и трошоци за нереализирани средства поради договорен, а неповлечен заем за изградба на пругата Бељаковци – Крива Паланка. Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, во која повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од една година претходно.

„Инфраструктура“ овие пари му ги исплатил од сопствени средства на ЕБОР во текот на минатата година кои изнесувале 393.930 милиони денари. Вкупните трошоци за камати и неповлечени средства кон меѓународниот кредитор изнесувале 405.413 милиони денари, затоа што 11.483.000 денари како казнени пенали кон ЕБОР биле платени и за делницата Куманово – Бељаковци.

Овие пари претпријатието вели дека се неисплатени и дека се капитализираат во инвестицијата се додека не се пушти во употреба. Минатата година минала во евалуација на операторите кои изразиле интерес да ја реконструираат и градат оваа фаза.

Поради ова, на претпријатието му останале само 290 милиони денари како пари за реални инвестиции, главно благодарение што 210 милиони денари биле обезбедени преку грант.

Минатиот месец Владата ги потпиша документите со кои ќе се реализираат две фази за железничкото поврзување со Бугарија. Инвестицијата „тежи“ 200 милиони евра., од кои дел се заем, а дел грант. Одбраните оператори се австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content