СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Дополнителен рок за аплицирање за набавка на системи за наводнување

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделсвото и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека за 15 дена се продолжува рокот за поднесување на апликации за набавка на системи за наводнување, за инвестиции во бунари и зафати на површинска вода.

Новиот краен рок за алицирање е 11.02.2022 година ( петок). Новиот рок е на барање на заинтересираните апликанти. Агенцијата им излезе во пресрет со нов рок, се со цел да можат да ги приберат сите потребни пропратни документи кои се бараат на овој Јавен Повик.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека право за добивање на оваа поддршка имаат сите земјоделци кои се евидентирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Сите заинтересирани барањата може да ги поднесат електронски на e– baranje.ipardpa.gov.mk. Максималната сума која може да ја земе поединечно секое земјоделско стопанство за систем за наводнување е до 1.800.000 денари додека финансиската поддршка за инвестиции во бунари или зафати за површинска вода е до 364 илјади денари по корисник. “ – информира Бачовски.

Со овие средства, може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема ( филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот а во висина 50 до 70 отсто од вредноста на одобрените и прифатливи трошоци за инвестиции. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програмаат за рурален развој. Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР. Новиот краен рок за доставување на е барања е 11 февруари 2022 година. Барањата кои не се поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content