Донесен буџетот на општина Прилеп за 2023 година

7

Предлог-буџетот го образложи градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој напомена дека правната рамка од која се водел предлагачот при неговото изготвување, биле Законот за буџети и на Законот за финансирање на ЕЛС.
„Вкупните Приходи во Предлог Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, се проектираат на 1.520.704.000,00 (приближно една милијарда и петстотини и дваесет милиони денари) денари, што во споредба со Буџетот за 2023 бележат пад за 1,46%, и се планира да се остварат во следните категории на приходи : Најголемо е учеството на приходите од дотациите: даночните приходи со 252,6 милиони денари, капиталните приходи со 76,838 милиони денари, неданочните приходи со 103,4 милиони денари, трансферите со 155,6 милиони денари, приходи од донации со учество од 28,9 милиони денари и пренесени вишоци (депозит) со 12,785 милиони денари.„ – истакна градоначалнкиот на Општина Прилеп, Јовечески.

„Вкупните расходи во Предлог Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, се проектираат на 1.520.704.000,00денари, што во споредба со Буџетот за 2022 бележат тренд на опаѓање за 1,46 %. Од вака проектираните расходи за 2023 година, за финансирање на надлежностите од локално ниво се планираат следните расходи: за финансирање на основното и средното образованието се планираат расходи во вкупен износ од 806,7 милиони денари; за финансирање на социјална заштита на деца и стари лиц се планираат расходи во вкупен износ од 154 милиони денари;за финансирање на Градска библиотека се планираат расходи во износ од 14 милиони денари, за финансирање на противпожарната заштита, се планираат расходи во износ од 32 милиони денари.

„Билансот на расходите на Основниот Буџет за 2023 година, е проектиран во износ од 502,8 милиони денари. Со учеството на капиталните расходи во износ од 275 милиони денари или 34, 84%, Основниот Буџетот за 2023 година има РАЗВОЕН карактер. “ констатира градоначалникот, Јовечски и истакна „При планирањето на капиталните програми и проекти направена е максимална диверзификација на капиталните расходи со цел инкорпорирање на гомем број на предлози и барања на месните, урбаните заедници, невладиниот сектор и бизнис секторот. Капитални проекти и програми на кои во Буџетот за 2023 година им даваме приоритет се следните: 88 милиони денари наменети се за изградба и реконструкција на улици и локални патишта на територија на Општина Прилеп, изградба и реконструкција на тротоари и пешачки патеки; зимско одржување и заштита и за одржување на хоризонтална и вертикална сигнализација на патишта на територијата на Општина Прилеп; 44,4 милиони денари за изградба на градинка во населба Точила; 19,7 милиони денари за поставување на модуларна катна гаража, 18,4 милиони денари за изградба на главен довод цевковод во с.Канатларци, 7 милиони денари за завршни работи на деловниот простор под северната трибина на Градскиот стадион, 19,2 милиони денари за заштита и одржување на паркови и зелени површини и одржување на јавната чистота; 59 милиони денари наменети се за изградба, реконструкција и одржување на Јавното осветлување и трошоци за потрошена електрична енергија; 27 милиони денари наменети се за урбанистичко планирање; за поддршка на спортот и физичка култура планирани се 4,5 милиони денари, за поддршка на културните манифестации планирани се 4,1 милиони денари. Со реализирањето на планираните проекти од Буџетото за 2023 година не можеме да бидеме задоволни и не смееме тука да застанеме, туку во годината што е пред нас ќе бараме дополнителни финансиски средства преку задолжување, за да ги реализираме капиталните проекти од витално значење за градот и Општината, а тука пред се ќе ги споменам изградбата на влезот од кај Македонски Брод, изградбата на кружен тек кај мостот Табана, кружни текови на виталните сообрајќаници во градот. И, со вакви можности на Буџетот правиме максимални напори за реализација на капиталните проекти во комуналната инфраструктура со цел да се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, кои имаат право, како даночни обврзници да го почуствуваат бенефитот од редовното плаќање на даноците на имот и комуналните такси, односно да ја почуствуваат локалната самоуправа како нивен сервис“ рече градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчечески пред советниците.

На 20 та редовна Седница на Советото на Оптшина Прилеп,последна во тековната година, пред советниците се најдоа и беа прифатени: предлог-одлука за утвдување на вредност на бодот за платите на административни службеници, за 2023 година, одлука за определување на висината на благајничкиот максимум, предлог-програма за субвенционирање на Јавните Комунални Претпријатија основани од ЕЛС Општина Прилеп за 2023 година, предлог-програма за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливи категории на граѓани за 2023 година, предлог-Буџетскиот Календар на Општина Прилеп, за 2023 година, одлука за измена на Одлуката за утврдување на висината на комунални такси, предлог-програма за обезбедување на оброк за учениците во прво одделение од основните училишта во Општина Прилеп за 2023 година, програма за култура, за 2023 година, програма за спомен обележја на Општина Прилеп за 2023-2028 година, програма за доделување на еднократна парична помош за новороденче, програма за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2023 година, предлог-одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП Пазари Прилеп, за 2023 година, предлог-одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП Пазари Прилеп, за 2023 година, одлука за давање согласност на Програмата за субвенционирање на трошоците од работењето на ЈКП Пазари-Прилеп, за 2023 година, одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП за ПУП Прилеп за 2023 година, одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп -планирани активности во 2023 година и давање согласност на Одлуката за расходовање и отуѓување на основни средства на ЈП за ПУП Прилеп, одлука за давање согласност на Финансискиот план за работењето на ЈП за ПУП Прилеп за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година, одлука за прифаќање на донација на Општина Прилеп и предлог-одлука за давање согласност за користење на името на Општината.

При изработка на буџетот на Општина Прилеп за 2023 година беа разгледани идеите и потребите на граѓаните добиени преку отворените ден на општината, урбаните месни заедници, невладиниот сектор и бизнис секторот, со цел креирање на поквалитетен Буџетот за 2023 година, во интерес на потребите на граѓаните на Општина Прилеп.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content