Доделени лауреатите „Златна Олимпија“ за најуспешни жени во спортот

64

Каратистката Пуликсенија Јовановска, која настапи на Олимписките Игри во Токио и го освои деветтото место е добитник на главниот лауреат.

Миа Блажевска Еминова е прогласена за најнадежна млада спортистка, таа на ОИ во Токио на 100 метри слободно постави личен рекорд. Миа има забележано повеќе од 50 национални рекорди и е повеќекратен национален шампион во нашата држава.

Најдобра спортистка во индивидуалните спортови е Мери Акиевска, која освои четири злата на Светското првенство во бодибилдинг оваа година, додека пак Сара Риствоска е прогласена за број еден во екипните спортови. Македонската репрезентативка беше учесник на завршниот Фајнал фор турнир во Лигата на шампионите со ЦСКА Москва.

Александра Војневска Зикова е прогласена за најдобар тренер. Под нејзино водство Дрита Ислами годинава го истрча најдобриот резултат во оваа дисциплина и го подобри државниот рекорд.

Посебно признание за животно дело отиде во рацете на Наташа Мешковска, најуспешна македонска пливачка во историјата, учесничка на четири Олимпијади, на две како натпреварувачка (ОИ1992 и ОИ 1996) и на две како дел од тренерскиот тим, учесничка на 6 Светски првенства,10 место на СП 1995 во Рио на 200 м. пеперутка, сребрен и бронзен медал во Светскиот Куп, повеќекратна државна рекордерка.

Специјална Олимпијада Македонија која беше дел од Светско првенство во Грац, Австрија и го освои второ место во модерни латино-танци ја понесе статуетката „Златна Олимпија.

За најуспешна репрезентација прогласена е кадетска репрезентација ракомет  која го освои 1.место ЕХФ шампионат во Литванија за ракометарки до 17 години. Прв ваков забележителен успех во младинските категории на македонската женска ракометна репрезентација. Со триумфот на ЕХФ шампионатот во Литванија, македонската репрезентација обезбеди пласман на наредните Европски шампионати за кадетки (У17) и за младинки(У19).

Доделена беше и награда за спортска новинарка со најголем придонес за спортот во 2021 година, а добитник е Билјана Благоеска Петрушева од 24 ракомет.

Жирито на овој настан беше составено од спортски новинари, Марија Ковачева, нашиот главен и одговорен уредник, Билјана Благоеска Петрушева,  Наташа Станчиќ, Ирена Андреевска , Aнгела Рајчевска, Владко Арсов и Весна Николовска.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content